Прегазен пешак на Илинденска

Пешак бил удрен од автомобил на булевaрот „Илинден“ во Скопје. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди.

– Вчера, во 7.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Илинден, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. И. (51) од Скопје, удрило во пешакот. Во несреќато тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестНесовесни граѓани и градежен сектор се главните причинители за загадување на воздухот
Следна вестДва месеци ја демнел поранешната љубовницата, кривична за 74-годишен маж