Прегазен пешак во Илинден, возачот побегнал

171

Жител од Скопје добил тешки телесни повреди кога во него удрило моторно возило во скопската населба Илинден.

Имено, синоќа, во 21 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата 34  во населбата Илинден во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ удрило во пешакот Б .К. (45) од Скопје по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНекои ги одбиваат попишувачите, ама не е многу често, вели Симовски
Следна вестОперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица