Прегазена 74-годишна жена во центарот на Скопје, со тешки повреди пренесена на клиника

74-годишна жена е тешко повредена откако била удрена од „рено“ во центарот на Скопје. Таа со тешки повреди пренесена на болница.

– Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„9 Мај“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од Скопје, удрило во М.Т.(74) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестДоларот падна на најниско ниво во последните четири месеци
Следна вестИзраелскиот министер за одбрана: Војната против Хамас ќе трае повеќе од „само неколку месеци“