Седумдесет и шестгодишна жена е тешко повредена откако вчера била прегазена во Куманово.возачот по несреќата избегал.
– На 12.10.2023 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово, патничко моторно возило удрило во С.Ц.(76) од с.Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.