Прегазени двајца пешаци од 23-годишник

23-годишник вчера прегазил двајца пешаци во Струга. Во несреќата еден пешак се здобил со тешки телесни повреди.

– На 23.01.2023 околу 19.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од струшкото село Франгово, удрило во пешаците Т.Ш,(64) и В.Ш.(60), двајцата од Струга, велат од МВР.

Во несреќата, Т.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.Ш. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Претходна вестВо Пелагонија откриена најстарата неолитска населба во Македонија
Следна вестПланско исклучување или дефект во Блок 1 на РЕК Битола?