Прегазил 80-годишна жена па избегал

Едно лице е приведено по сообраќајна несреќа во којашто е тешко повредена постара жена, соопшти полицијата.

МВР денеска соопшти дека се работи за возачот на возилото.

– Вчера, во Скопје, на улицата Бранислав Нушиќ, патничко возило „нисан микра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Т. (20) од Скопје, удрило во пешакот Л. Ц. (80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. Ц. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Претходна вестНа Вархеји работа му било да е оптимистичен за членство во ЕУ: Кажавте 2030 година, може да биде порано, може да е подоцна
Следна вестБарања на Сојузот на средношколците: Материјалите за интерните испити да се добијат четири недели пред денот на испитот, екстерните испити да носат 20 поени…