Преку ден контролирани мотоциклисти, но нужно е и ноќе

Полицијата ловела возачи на мотоциклисти кои ги прекршуваат сообраќајните правила. Имено, вчера во периодот од 14:00 до 19:00 часот била спроведена зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.
При контролата, полициските службеници откриле 12 прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли и тоа: еден управување мотоцикл без возачка дозвола, два – измината важност на сообраќајна дозвола, три – управување со несоодветна категорија и шест – управување без заштитен шлем (кацига).
Вечерта, истиот ден, сообраќајната полиција во периодот од 06:00 до 24:00 часот спровела акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
– Педесет и осум возачи ја пречекориле брзината во населено место, додека ниту еден надвор од населено место. Издадени се 45 мандатни платни налози, а 13 возачи се писмено опоменати, соопштија од МВР.
Да се надеваме дека полицијата ќе спроведе акции за контрола на мотоциклистите и поради големата бучава што ја прават, а и затоа што многу брзо возат во ноќните часови.