Премиера на христијанската химна на Дева Марија од XIII, во недела во 17.45 часот

„Стабат матер“ – величенственото вокално – инструментално дело на Џовани Батиста Перголези, ќе биде премиерно изведено, во недела, на Велигден, со почеток во 17.45 а емитувано преку телевизијата 24. Диригент е Бисера Чадловска, режисер Дејан Прошев, а концерт-мајстор Климент Тодороски.

Ианку, „Стабат Матер“ е христијанска химна на Дева Марија од XIII век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.

Во улогата на солисти се Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист, оркестарот и хорот на МОБ.

Претходна вестСтигнаа 200 илјади кинески вакцини, граѓаните прашуваат: ќе има ли за сите?
Следна вестСончево и топло, со малку облаци и температура до 29 степени