Премиерот Мицкоски кажа дека за 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

46

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.

„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“, вели Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЦУК: До 14 часот еден активен пожар во кратовско Соколица, четири се под контрола, а три изгаснати
Следна вестОдлична соработка на полето на безбедноста, Словенија ја дава својата поддршка во секој чекор