Препорака на МОН: Основните училишта да имаат скратени часови, учениците да пијат вода и да не јадат масна храна и благо

41

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука денеска препорача:

-Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;

-Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;

-Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;

-Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Се додава дека овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.

Претходна вестСоставот на новата влада ќе биде доставен во вторник во Собрание
Следна вестМалолетничка тешко повредена, мотоциклист избегал од местото на несреќата