Препораката на психијатарот го одложи судењето на Мухамед Зеќири, бил во дестабилизирана психичка состојба

Одложено е денешното рочиште на судењето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири поради неговата нарушена психичка состојба. Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека во следните три до четири недели нема да се одржи судска седница за предметот во кој главен обвинет е Зеќири.

-До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели, пишува во соопштението на Кривичниот суд.

Судењето за овој случај започна во ноември 2022 година, но оттогаш рочиштата беа неколкупати откажувани и одложувани, главно поради психичката состојба на Зеќири.

Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Претходна вестБугарски министер ќе диригира на концерт во Македонија
Следна вестКако тргна Ковачевски можно ли е да заклучи дека на Македонија не и требаат избори?