Преработен ДУП за Трнодол повторно на тест кај жителите

Нема зголемување на катноста на објектите во Трнодол во преработениот Детален урбанистички план за оваа скопска населба кој ќе биде ставен на увид на граѓаните од 17-ти декември. Ова на денешен брифинг го најави градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кој рече дека во најголема мерка во предвид се земени забелешките на граѓаните. Во август годинава жителите имаа низа забелешки за предложениот ДУП и побараа измени во него и нова јвана анкета и презентација.

-Тогаш во планиот предложивме зголемување на објектите за еден кат за сите сопственици заради тоа што старото раководство тоа го овозможи само за дел од населбата. Граѓаните не сакаа зголемување и објектите може да имаат приземје, два ката и поткровје. Тоа значи дека ќе остане приземје, еден кат и поткровје. Цел ни е и да спречиме дебармализација и затоа го ограничивме бројот на станбени единици за домување во станбена куќа на четири станбени единици, а постојниот план овозможуваше неограничен број на станови, рече Богоев.

По барање на граѓаните на просторот меѓу патот за Трнодол и патот за Жданец му е определена намена на него да има заштитно зеленило. Планот ќе биде на увид секој работен ден од 8 до 18 часот.