Претежно облачно време, попладне поројни дождови и појава на град на места

Од вчера почна благо намалување на температурите, а на места имаше и невреме со поројни дождови. Но за денеска, метеоролозите предвидуваат и појава на град.

Генерално, најавено е претежно облачно време, но локално се очекуваат силен ветер, електрични празнења и град.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.