Претежно сончево и многу топло

19

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЌе има постојано обновување на возниот парк на ЈСП, процесите ќе се планираат долгорочно, откри Орце Ѓорѓиевски
Следна вестПовеќе делови од Центар и Гази Баба денеска без вода