Претежно сончево, температура до 12 степени

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

На останатото подрачје во Македонија времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер и со појава на магла и ниска облачност по котлините во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и од утре дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Утре и во среда, особено долж Повардарието, ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.

Претходна вестКонцерт на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев, во вторник во Филхармонија
Следна вестДали осамостојувањето на пратениците на ЛДП од СДСМ е „заразно“?