Сончево време со мала да умерена облачност ќе преовладува во претпладневните часови во скопското подрачје. Но, како и во изминативе денови, синоптичарите најавуваат дека се можни и краткотрајни врнежи од дожд.
Денеска се очекува и потопло време како резултат на продорот на топлиот воздух од јужните краишта. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.
Слично време се очекува и на подрачјето на цела земја. За утре се очекува слично време при што во попладневните и ноќните часови се можни поголеми внежи од дожд. Во недела атмосферата ќе биде постабилна, иако попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со температури до 28 степени.