Претпладне сончево, попладне можно краткотрајно невреме

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот.

Претходна вестФрлав јајца кон владата, тоа им фали на министрите за да кажат НЕ на францускиот предлог
Следна вестМилевски од ЛДП порача дека ако денеска се бара одлука, тој ќе биде против