Претпладне сончево, попладне со можност за пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

В вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја, а од среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Претходна вестМакедонските одбојкари во полуфинале на Сребрената европска лига, помогна Романија
Следна вестКоалицијата на Макрон во тесно водство на парламентарните избори во Франција