Претпладневното сонце ќе го замени попладневното невреме

На подрачјето на Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Утринската температура ќе биде од 5 до 11 а дневната од 17 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме.

Утринската температура ќе изнесува 10 а дневната ќе достигне 24 степени.

Претходна вестПоради закани, засилено обезбедување во клиниката каде што се чува малолетниот убиец
Следна вестМОН: Добивме десетина пораки за пријавување насилство