Претрес кај битолчанец, пронајдена дрога и вага

Битолчанец бил уапсен вчера бидејќи пи претрес во неговиот дом била пронајдена дрога. Тој бил задржан во полиција и против него ќе биде поднесена пријава.

– На 09.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 3.Б.(29) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја, информираат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестОдложено и третото рочиште за случајот со родилката од Дебар
Следна вестАрсовска: Набавката на 50 автобуси ќе биде на дневен ред се додека не ја изгласаат градските советници