Темен режим Режим на светлина

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведено едно лице

Вчера во 13.50 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Б.М. од Гевгелија.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Три пати го прободел со нож – СВР Скопје со детали за тепачката и обидот за убиство во Чаир

Следна објава

ЕХФ донесе одлука, пехарот оди во рацете на Алкалоид