Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

На 22.12.2023 во 07.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(27) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестЗапленети околу 7000 парчиња пиротехнички средства
Следна вестУсвоен Буџетот на Општина Илинден за 2024 година