Претрес во Скопје, пронајдени револвер и муниција, приведено едно лице

На 01.12.2022 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(18) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени револвер „Нагант“ и шест куршуми за него.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Претходна вестМВР: Немало случај на напад врз полицијата во Арачиново
Следна вестАлкалоид убедливо го совлада Вардар Неготино