Претрес во скопски Сарај, пронајдени дрога и муниција, приведено едно лице

Приведен 32-годишен жител на скопски Сарај, во чиј дом се пронајдени поголема количина дрога и куршуми.

Според информациите, се работи за лицето А.Ј., во чиј дом и други простории, при претрес извршен по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“.

По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Претходна вестВардар во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Бутел
Следна вестСо повик за македонско единство со слави Велигден, симболот на победата на животот над смртта