Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев на Илинден ќе говори во потпелистерско Трново

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, на 2 август ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица”, во потпелистерското село Трново. На прес – конференција во Битола претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Љупчо Јаневски, истакна дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.

-Семакедонската средба почнува во 10.30 часот. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила, истакна Јаневски.

Организаторот најави богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев” од Битола, македонски играорни групи од соседните држави, а македонски народни песни ќе исполни Дамјан Стојановски.

Првиот човек на МАНУ е актуелен во јавноста со своите ставови за раскинување на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.  Во својата неодамнешна колума Коцерев потенцира дека Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија.

-Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документа, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија, но не и Македонците, предупредува академик Љупчо Коцарев, претедател на МАНУ. Во својата денешна колумна насловена како – „Две илјади осумдесет и четврта“ или „Последниот Македонец во Европа“ – а објавена во весникот „Нова Македонија“ тој најави свој ангажман со цел „изгубеното да се поврати назад“.

Претходна вестВо Дебрца успешна акција за спасување млад штрк кој се заплеткал во своето гнездо
Следна вестЗаплената на марихуана во вредност од половина милион евра