Превезувале 94 мигранти напикани во камион

Спречено криумчарење на мигранти. Имено, синоќа околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници било дадено знак за запирање на камион, управуван од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице.

Возачот го запрел возилото и со сопатникот се дале во бегство во непознат правец.

По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во товарниот простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан).

Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага.

Претходна вестШто бараат аеродромци во Охрид кога си имаат свои плажи
Следна вестЏабе ти се фотките од пиромани и крадци