Презентација на две книги за македонскиот јазик вечерва во КИЦ

„Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет“ на Наталија Андријевска и „Јазикот и стварноста“ на Бобан Карапејовски, се двете последни лингвистички дела кои ќе бидат презентирани вечерва во 19 часот, во Салонот 19, 19 во Културно-информативниот центар.
Презентацијата е во организација на книгоиздавателството МИ-АН, а промотори на книгите се Димитар Пандев и Катица Трајковска, за онаа на Андријевска, и Марјан Марковиќ и Емилија Црвенковска – за изданието на Карапејовски.