Темно Режим Светло Режим

При претрес на куќа во Арачиново пронајдена марихуана

Марихуана била пронајдена при вчерашниот претрес на една куќа во скопско Арачиново. Претресот го извршила Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР.

-По претходно добиени оперативни информации и наредба за претрес од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.А (33) и други простории во  с. Арачиново. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Фото: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Се појави сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“: Ќе тужам и ќе барам отштета за уривањето

Следниот Пост

Тројца повредени во сообраќајка кај Рашче