Причина за смртта на најголемиот број млади во трагедијата во Кочани е гушење со гас со јаглерод моноксид

288

Институтот за судска медицина денеска излезе со извештај во врска со обдукцијата на 59-те жртви од трагедијата во дискотеката во Кочани. Директорот Александар Станков изјави дека причина за смртта на настраданите е гушење од гас јаглерод моноксид, кој бил испуштен од палењето на материјалот од објектот.

Станков рече дека при обдукцијата кај три жртви биле констатирани скршеници на ребрата кои биле предизвикани од прекршувањата на толпата при обидот да ја напуштат дискотеката.

Паралелно со обдукцијата, Институтот изврши и идентификација на жртвите, покрај методите и документите за препознавање, со ДНК тестирање и дактилографска или верификација со отпечатоци.

Во текот на идниот период, судска медицина ќе продолжи да врши токсиколошки анализи, со цел да се утврдат сите супстанци во крвта на настраданите.

Претходна вестИ член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника
Следна вестГолем пожар кај Струмица, ветрот го шири неконтролирано во повеќе правци, загрозени куќи во селото Баница