Пријава до МВР поради рушењето на објектот „Шар“во Скопска чаршија

Испратена е соодветна пријава до МВР поради рушењето на објектот „Шар“ во Старата скопска чаршија и одново градење без дозвола, информира денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа на денешната прес-конференција во одговор на прашање потенцираше дека објектот „Шар“ е под надлежност на Управата за културно наследство и разговарале со директорот на Управата, бидејќи е незаконско рушење и незаконска е градбата на нов објект.

– Објектот „Шар“ е под надлежност на Управата за културно наследство, но тоа не значи дека Министерството за култура не е во тек со тоа што таму се прави. Исративме соодветна пријава до МВР и сега МВР треба да постапи за сега ние понатаму да можеме да видиме, да се преземат соодветни мерки во однос на тоа кој се осмелил да руши и да гради наново без никаква дозвола, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Инаку, овој објект кој што е лоциран во Старата скопска чаршија, е срушен до темел, а во моментов на негово место се гради нов објект.

Претходна вестРусите се подготвени да се преселат во Азиската конфедерација, УЕФА не го сака тоа
Следна вестПукање во Париз, двајца мртви, неколкумина ранети