Пријава за неносење маски добиле 578 граѓани

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 578 прекршоци, соопшти полицијата.

Казна за вакво вид прекршок е 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена чини десет евра. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Претходна вестЛесно е да менуваш имиња на улици, ајде Шилегов – направи нови 
Следна вестКрадци од Прилеп на печалба по скопски станови