Прилепчанец удрил во ѕид со машина за сечење дрва, двајца повредени

Синоќа во МВР било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп С.С. (39) од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ удрил во ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Претходна вестИзмени на сообраќаен режим во Скопје поради Авицена женска трка
Следна вестСкопјанец со својот „сеат леон“ излетал од патот кај Бучим, возачот тешко повреден