Темен режим Режим на светлина

Прилепчанец заработи притвор, му пронашле марихуана и 59 стебла канабис

Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Во притвор од 30 дена е ставен прилепчанец кај кого полицијата нашла марихуана и стебла на канабис, соопшти денеска МВР.

Во соопштението се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради Неовластено производство и продажба на дрога.

-По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на 02.09.2020 со Наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“. При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла Канабис, информира полицијата. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сите лежат, некој оправдано - некој не

Следна објава

Да, за онлајн парламент, но само ако гласањето е безбедно и сигурно