Пристигнаа првите пратки на лекот за цистична фиброза „Трикафта“, по клиники до крајот на неделава

Пристигнаа првите пратки на лекот „Трикафта“ за лекување на тешките случаеви на цистична фиброза. Ова за државната агенција МИА го потврди претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

Тој посочи дека лекот пристигнал во земјава во понеделникот, но дека се уште не дистрибуиран до клиниката, бидејќи се чекаат да завршат административните процедури.

– Сега треба да поминат бирократски процедури, царина, одобрување, едно, друго… Но, најверојатно, иако неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани за примање на самиот лек. До крај на недела би требало да стигне на клиника, нагласи Гаспар.

Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза изјави дека денеска имале средба министерот за здравство Фатмир Меџити н разговарале за идните активности.

– Разговаравме за многу работи, за плановите што ги има за понатаму. Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега, додаде Гаспар.

МИА побара и потврда за информацијата од Министерството за здравство, но до објавување на текстот, одговорот не бил добиен.

До набавката дојде по серија на протести на заболените лица кои побраа лекот да биде набавен, а по што Владата и се согласи. Испораката на лекот се очекуваше кон крајот на минатиот месец а него први треба да го добијат најтешко заболените лица. За набавката Владата одвои 2,2 милиони евра но не беше познато колку дози од овој лек може да бидат набавени со тие средства.

Претходна вестНад 5 илјади мистериозни труења на ученици во Иран
Следна вестОпожарени две возила во Прилеп