Темен режим Режим на светлина

Притвор за 22-годишник кој насилно ограбил три жени во центарот на Скопје

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Истрага и барање за притвор покренало Скопското јавно обвинителство против 22-годишно лице кое е осомничено дека сторило три кривични дела – разбојништво и две тешки кражби. Жртвите во сите случаи биле жени.

Осомничениот на 26 септември на улица „Алжирска“, со употреба на сила одзел предмети од една оштетена граѓанка. Тој влегол низ влезната врата на куќата на оштетената, се нафрлил врз неа, ја оттурнал и одзел чанта во која имало пари, картички и други документи, со вкупна вредност од 9.000 денари. На излегување, повторно ја турнал оштетената и го напуштил местото на настанот.

-Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ осомничениот на дрзок начин одзел две синџирчиња од една оштетена – златно синџирче со приврзок во вредност од 6.500 денари и едно синџирче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал синџирчињата коишто оштетената ги носела околу вратот и избегал, наведува Обвинителството.

На 30. септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ осомничениот на дрзок начин одзел златно синџирче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Разбиена група која прокријумчарила 150 мигранти, наплатувале до 700 евра по лице

Следна објава

Црн вторник: починаа осум пациенти, 225 новозаразени од вирусот