Притвор за маж кој ја допирал малолетната ќерка на невенчаната сопруга

Судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар денеска (9 мај) му определил 8-дневен притвор на М.Б.(51) од гостиварско село, кој вчера околу 13 часот бил пријавен во СВР Тетово од неговата 40-годишна невенчана сопруга дека подолго време ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак.

-Тој вчера (8мај) во 16 часот и 30 минути беше лишен од слобода од полициски службеници на гостиварското Одделение за внатрешни работи и во координација со Јавен обвинител беше задржан во Полициската станица Гостивар, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

М.Б. ќе биде спроведен во КПУ Затвор “Скопје” за издржување на притворот.

Претходна вестСе огласија од Општина Центар откако ученичка правела список со закани кон соученици
Следна вестКомпанија нуди свадби во вселената