Приватните превозници на средба со Арсовска

69
smart

Средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска утринава одржуваат приватните автобуски превозници од Скопје. Тие минатиот понеделник откако не беа примени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, најавија дека повторно ќе почнат со протест преку блокади од денеска ако не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вчерашното интервју за МИА, истакна дека треба да се разговара со приватните превозници и да се најде решение со нив. Таа два месеца не сакаше да ги прими на средба сопствениците на приватни автобуси велејќи дека темата со приватниот превоз е затворена.

Повикот за средба доаѓа откако превозниците му свртеа грб на првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Тие очекуваата да се надмине проблемот со заостанатиот долг, поради што тие веќе трет месец не возат и не собираат патници по скопските улици.

Тие вчера се собраа во населбата Ченто, на последна 23-ка, и групно се заблагодарија на поканата.

– Повикани сме официјално на средба. Ние приватните превозници ќе одиме во Градот, да ја оствариме таа средба со градоначалничката, да видиме дали ќе најдеме заеднички јазик, да најдеме решение за нашите проблеми и да имаме што поефикасен превоз, изјави Јовица Зафировски, претставник на ново координативно тело.

Претходна вестТелефонски броеви за помош на македонски граѓани во Турција по разорниот земјотрес
Следна вестДоволно ли е само да напишеш осуда на Фејсбук за саботното вандалство и навреди кон Македонија?