Приватните превозници нема да возат додека не се реши проблемот

Советничките групи во Советот на Град Скопје ќе се заложат за решавање на проблемите на приватните автобуски превозници кои нема да возат се додека не се решат нивните барања. Ова е епилог на денешната средба на претставниците на приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и од „Макекспрес“ со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје.

– На следната седница што ќе се одржи во понеделник преку советнички прашања ќе побараат одговори на се она што ние не можеме да го добиеме. Советот во рамки на неговите надлежности ќе направи се за надминување на оваа состојба. Добро е што сите претставници на советниците сакаат да се реши ова, изјави Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Нивното барање е да им се исплатат средствата кои им ги должи ЈСП. Доколку претпријатието не располага со доволно средства тогаш треба да побара од Град Скопје да им доделат дополнителна финансиска помош и на тој начин да ги исплатат средствата на приватните автобуски превозници. Според него, се додека не си изврши наплатата на средствата, приватните превоизници нема да возат.

– Со оглед на нарушените односи со Град Скопје и со ЈСП „Скопје“ односно со градоначалничката Данела Арсовска, ние постапуваме кон поднесување на тужби, онаму каде што сметаме дека ни се нарушени и правата и обврските спрема нас и своите права ќе продолжиме да ги бараме преку правните механизми и така ќе го наплатиме и долгот, најави Јовановски.

Претходна вестКомората на геодети: Катастарот ги поскапе цените и до 500 отсто, податок за геодетска точка од 67 скокна на 409 денари!
Следна вестОтворени новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје