Полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле 18-годишниот Ф.Ј. од Кавадарци, вчера во 18.50 часот во Кавадарци. Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на село Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети.
Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.