Приведен 37-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдена тегла со марихуана

37-годишен скопјанец е приведен откако при претрес во неговиот дома пронајдена била дрога. Според информациите од МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го приведоа А.М. (37) од Скопје.

– При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана, информираат од полицијата

Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Претходна вестИмало цел кластер на дојавувачи на бомби, им се вештачат мобилните телефони
Следна вестСо помош на вештачка интелигенција откриен рак на дојка 4 години пред болеста да се развие