Приведен еден од насилниците во автобус на ЈСП

Полицијата синоќа приведе едно од двете лица кои направија иницидент и се закануваа во автобусот на ЈСП „Скопје“ а за што беше објавена и снимката на социјалната мрежа Твитер. Полицијата врши потрага и по второто лице кое учествувало во иницидентот. Тие двајца недолично се однесуваа кон сопатниците во автобусот откако биле предупредени дека не носат заштитни маски.

По предупредувањата на патниците тие дрско одговарат и им возвратиле на сопатниците со зборовите: „Не се занесувајте“, „Значи маска, абе нема држава, ќе работи државата за мене и полиција. Немој госпоѓо…ќе те носам у киселина, ќе те топам, не знаеш со кого имаш работа“, „Животот сум го поминал со секаков проблем, она ќе ми каже“, „Ќе сечам глави“…

Сè уште нема информации кога точно се случил настанот, на која релација се движел автобусот и дали тие физички нападнале девојка која ги снимила, како што стои во описот на видеото објавено на твитер.

Претходна вестСе празнува Свети Стефан – заштитникот на болните, старите, сиромашните…
Следна вестВо скопските ковид центри 98 слободни места