Темен режим Режим на светлина

Приведен гостиварец, спречен обид за криумчарење на мигранти

Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута? Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута?

На 27.02.2021 околу 11.30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Ново село во содејство со Посебната единица за поддршка го лишиле од слобода Н.А.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, турски државјани.

По насоки на Јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Н.А.

ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

461 санкции за неносење маска

Следна објава

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 411 пациенти