Приведен крадец од Куманово

На 23.11.2022 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово.

Тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.

Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестПак фураат развоен буџет од 5,3 милијарди евра, а пак ли развој ќе нема?
Следна вестКривичен суд Скопје: Имаме 9 ургенции до Бирото за судски вештачење за случајот „Ласкарци“, уште не сме го добиле супервештачањето