Приведен криумчар од радовишко кој превезувал 88 мигранти

Ноќеска по полноќ на место викано „Нова Петла” во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од с.Ињево, радовишко, соопшти денеска МВР.

– На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканиа”, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници, се наведува во полициското соопштение.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Архива

Претходна вестНов случај на африканска чума кај свињите во Македонска Каменица
Следна вестЗапочна Летната школа по македонски јазик во Охрид за децата на иселениците