Приведен криумчар, пронајдени тројца мигранти од Пакистан

На автопат Куманово – Граничен премин Табановце, на излез од автопатот и почеток на магистралниот пат за Крива Паланка, утрово во 00.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Ф.(56) од Скопје. Кaко што соопштија од МВР, при преглед во возило „киа“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Пакистан. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестАрсовска е во коалиција со СДСМ, директорот на ЈСП е нивен кадар, тврди Стоилковски
Следна вестПриведен арачиновец поради закани кон вработени во интернет портал