Приведен маж кој се заканувал дека ќе изврши масакр ист како тој во Белград

Српската полиција синоќа уапси 56-годишен маж, кој повикал полиција и се заканувал дека ќе изврши масакр. З.М. е осомничен дека вчера се јавил во полиција на телефонскиот број 192 барајќи да испратат полициска патрола да му помогне, во спротивно ќе направи „масакр како овој што се случи“.

Притоа сторил кривично дело предизвикување општа опасност, се вели во соопштението на МВР на Србија. На З.М му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Претходна вест102 казни за пребрзо возење, 14 возачи зборувале на телефон, 12 биле пијани…
Следна вестСДСМ: ЕУ веќе го карактеризира Коридор 8 како европски коридор со геостратешко значење