Приведен охриѓанец кој ја нападнал својата мајка и полициски службеници

27-годишен охриѓанец е приведен откако бил агресивен кон својата мајка и кон полициски службеници.

Според информациите од СВР Охрид, вчера година во 18.30 часот, од полициски службеници лишен е од слобода Н.Џ.(27) од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом, бил агресивен кон неговата мајка, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестБајден: Налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Путин е оправдан
Следна вестМакедонскиот одбојкар Ѓоргиев ја освои и Централно-европската МЕВЗА лига