Приведен скопјанец осомничен за пожар во домот „Ранка Милановиќ“

Уапсен скопјанец кој се сомничи дека го предизвикал вчерашниот пожар во Гази Баба, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера вечер на ул.“Перо Наков“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Д.А.(56) од Скопје.

-Приведен е поради постоење основи на сомнение дека во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде престојувал, предизвикал пожар, при што бил опожарен дел од објектот, информираа од МВР.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок

Претходна вестГрадските паркинзи во Скопје бесплатни за празниците
Следна вестНовогодишна честитка од Пендаровски: Државата е домот што можеме да го градиме само заедно