Приведен скопјанец баран за криумчарење на мигранти

На 13.03.2022 во 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје.

При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик.

Р.А. е приведен и задржан во полициска станица во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

 

Претходна вестПолицијата казни 731 возач за брзо возење
Следна вестСе чека нова рунда преговори, ќе има обид за организирање 10 хуманитарни коридори