Приведен скопјанец, полицијата пронашла оружје во неговиот дом

Денеска, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во домот на А. С. (39) од с. Страчинци, Скопско.

При претресот пронајдени се два пиштола, една пушка и три куршуми.

А. С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, соопшти полицијата.

Претходна вестКако ќе се гласа на локалните: Нема продолжување на гласањето, а лицата во изолација ќе гласаат кога и затворениците
Следна вестДеветти ден гушкање и поздрави без маски, ама само за политичарите – за другите казни